Вооружена пресметка во затвор во Панама, најмалку 12 мртви

0
89

Најмалку 12 лица загинаа, а 13 се повредени во вооружен судир што избувна меѓу затвореници во затвор во близина на Панама, главниот град на истоимената држава.

Полицијата соопшти дека запленила пиштоли и пет пушки по инцидентот во затворот Ла Џоита, 25 километри источно од главниот град.

Панамскиот претседател Лаурентино Кортизо изјави дека инцидентот покажал дека затворските чувари помогнале шверцувајќи оружје во затворот.

– Оружјето не падна од небото. Очигледно, постоела некаква соработка за да се донесе оружјето во затвор – рече Кортизо.