Вучиќ: Дијалог со Косово само ако се отстранат таксите

0
123

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска презентирајќи го својот план за следните пет години, истакна дека Канцеларијата за Косово ќе добие 150 милиони евра.

Објасни дека овие пари се наменети за инфраструктурни проекти.

– Ние ќе работиме каде што ќе можеме. Не само на север туку и на југ од Ибар. Во цело Косово каде што живеат Срби – истакна Вучиќ.

Во врска со дијалогот, Вучиќ рече дека Србија ќе продоложи да ја врши својата работа и дека е подготвена да се врати на дијалогот во моментот кога Приштина ќе ја отстрани таксата од 100 отсто за продуктите од Србија.

– Нека ја отстранат таксата и ние ќе разговараме. Ако не сакаат, тогаш ништо – рече Вучиќ.