Заев: Верувам дека сите ќе бидеме разумни во предлагањето кандидати за техничката влада

0
71

Тој доцна попладне ќе има средба со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за кандидадите од преодната Влада што треба да стартува од 3 јануари, на 100 дена пред одржувањето на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април следната година.

Заев смета дека нема потреба од посебна средба со коалицискиот партнер и лидер на ДУИ, Али Ахмети околу кандидатите за преодната влада и посочи дека за тоа се можни консултации и по телефон. Тој не очекува проблеми од кадровски аспект, за да има потреба од посебни видови координации, состаноци или слично.

Средбата со Мицкоски, повтори Заев, се реализира заради законската обврска каде што претседателот на најголемата опозициона партија треба да се сретне и да разговара со претседателот на најголемата владејачка партија и втората по големина владејачка партија.

– Тој денеска прави средба со мене за консултација за кандидатите за преодната влада, а прави средба и со г. Али Ахмети за координација за кандидатите за преодната влада. Ние немаме потреба од некој разговор помеѓу мене и Ахмети за средби или слично. Веројатно самите имиња коишто ќе бидат разгледани ако имаме некоја дополнителна потреба како коалициски партнери можеме да се слушнеме по телефон и да поразговараме уште еднаш дали навистина двете страни стојат на ваквото со закон задолжително обврзувачко решение. Верувам дека ќе бидеме сите разумни во внимателноста на предлагањето на кандидатите, рече Заев.