Заев ги повика институциите да го проверат имотот на судиите и обвинителите: Никогаш повеќе режим

0
98

Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев од денешната трибина „На прав пат“ во Скопје им порача на членовите и симпатизерите на владејачката партија, во следниот период да се придржуваат до три правила со кои ќе обезбедат сигурна победа на предвремените парламентарни избори на 12 април – постојано да се зборува за економските успеси и успесите во евроинтеграциите, никогаш повеќе да нема режим, и нулта толеранција за корупција, неодговорност, конфликт на интереси и опиеност од власт.

 

„Времињата на несигурност и нестабилност се зад нас. Тргнуваме по пат кој ни обезбедува подобар и повисок стандард и членство во семејство на нации ориентирани кон иднината и од оваа цел нема отстапување“, рече на почетокот Заев, кој беше поздравен со овации во салата во која имаше членови и симпатизери на владејачката партија и функционери од нејзините редови.