Заев, Мицкоски и Ахмети на средби в сабота, ќе се договара техничката влада

0
89

Ваквиот исход доаѓа откако претходно власта и опозицијата се согласиле без блокада да поминат 40 закони во Собранието кои се врзани со примена од 1 јануари. Станува збор за закони од областа на финансиите, социјала и здравство, меѓу кои се и законите за платите и пензиите кои Заев ги посочи како услов за негова оставка. Партиите сепак без конзензус за законот за одбрана.

Од СДСМ велат дека нивната одлука за датумот за техничка влада ќе зависи од тоа дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го испочитува договореното. Пратеникот Хари Локвенец очекува опозицијата да си остане на зборот и да ја даде поддршката за важните закони.

Од ВМРО-ДПМНЕ со став дека нема да ги кочат законите кои се од интерес на граѓаните. Но генералниот секретар на партијата Игор Јанушев дециден дека опозицијата нема да го поддржи Законот за одбрана, опојни дроги и изборниот законик.