Зонското паркирање во Тетово се наплаќа подолго во споредба со другите градови

0
95

После 21 часот во Гостивар, Куманово и Скопје можете бесплатно да го паркирате возилото на местата за зонско паркирање. Но, во Тетово, ситуацијата е поинаква. Во овој град зонското паркирање важи до 23 часот. Во Тетово, исто така, нема олеснувања за сабота, споредено со споменатите градови, каде што во сабота се плаќа до 15 часот, а во недела паркирањето е бесплатно. Од Општина Тетово велат дека правилникот за зонско паркирање може да го промени општинскиот совет, пишува „Порталб.мк“.

 

Иако зонското паркирање во Тетово, Гостивар, Куманово и Скопје започна да се наплаќа речиси во ист период, правилата за негово користење со години наназад не се исти. Имено, зонското паркирање во Општина Тетово предвидува начини на негово користење што се поригорозни од другите градови.