Македонија утре на масата на НАТО во Лондон, почнува историскиот

0
66

САД ја завршија својата обврска. Ратификацијата за Македонија е депонирана. Американскиот Сенат уште на 22 октомври го изгласа протоколот за членство на земјава во Алијансата, а денеска државниот секретар Мајк Помпео се пофали дека документот е доставен во Стејт департментот.

Со задоволство ви соопштувам дека САД го депонираа ратификуваниот протоколот за пристапување на Македонија во НАТО. Еден чекор поблиску до прифаќање на Македонија како 30-ти сојузник на НАТО, напиша Помпео на Твитер.

И покрај моќното да на најголемата сила во Алијансата, Македонија нема да слави во Лондон. За полноправно членство недостасува само уште една ратификација. Како утешна награда се предвидува во завршната декларација на самитот на земјата да  и се посака добредојде како на  30 членка на Алијансата. На јарболот на платото  во Лондон веке се вее македонското знаме, заедно со знамињата на останатите 29 земји на НАТО.