МВР апсеше за пукањето во Александар Палас, пронајде и дрога

0
117

Bо широка полициска акција на 34 локации во Скопје уапсени се 10 лица осомничени за предизвикување општа опасност, доведување во опасност на службено лице, нелегална трговија со наркотици и незаконско поседување оружје. Според МВР, неколку од приведените се осомничени и за вмешаност во пукањето во хотелот Александар Палас пред неколку дена. Сепак, полицијата не успеа да ја уапси групата која пукаше. Во текот на претресите на локациите, тие не биле таму.

 

Акцијата се спровела во Грчец, Центар, Арачиново, Ѓорче Петров, Бутел, Студеничани. Пронајдени и одземени се моторцикли, панцири, пиштоли, пушки, муниција од различен калибар, опрема за набљудување, дрога и други предмети.