МВР влезе во фирми наводно поврзани со Камчев за изборната кампања на ВМРО ДПМНЕ

МВР побарало, а скопското обвинителсво дало налог за да се влезе во две фирми кои наводно се поврзани со бизнисменот Орце Камчев.

За Телма од обвинителството потврдуваат дека дале налог, но велат дека се работи за рана фаза на предистражна постапка. Според неофицијални информации се работи за две фирми во кои се барале финансиски извештаи за финансирањето на кампањата на ВМРО ДПМНЕ на последните претседателски избори. Се проверува дали и по затворањето на сметката од која се финансираат изборите се наплатени парти за рекламен материјал, велат од обвинителството.