Мицкоски вети милијарда евра за подобра животна средина

0
95

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денска изјави дека идната влада предводена од неговата партија во четиригодишен мандат ќе реализира капитални инвестиции од повеќе од две милијарди евра, но и дека ќе испорача проекти во вредност од повеќе од четири милијарди евра преку странски и домашни инвестиции. Тој исто така рече дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи една милијарда евра за заштита на животната средина.

„Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ во својот 4 годишен мандат ќе вложи не помалку од 1 милијарда евра за заштита на животната средина, да ни дишат најмилите чист воздух. И не можам да ви ветам дека веднаш ќе почне да дува чист алпски воздух. Тоа е невозможно. Но можам да ви ветам најмалку 50-тина отсто почист, амбиентален воздух за македонските граѓани. За граѓаните на Македонија