Мицкоски најави амандмани на Законот за јазици согласно забелешките на Венецијанската комисија

0
89

Преку законот за јазици Заев сакаше да ги прелаже Албанците и да добие глас повеќе, рече на денешната прес конференција лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Како што рече Мицкоски, Законот за употреба на јазиците е правна дивоградба и најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи амандмани, согласно со забелешките на Венецијанската комисија, со цел законот да стане усогласен со Уставот.

 

„ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани на Законот за употреба на јазиците кои пред сѐ ќе ги содржат забелешките на Венецијанската комисија и ќе бидат во согласност со Уставот на Македонија. Еден неуставен закон да го направиме уставен, но духот на европските практики содржани во забелешките на Венецијанската комисија“, рече Мицкоски.