Најмалку 20 загинати во сообраќајна несреќа во Гватемала

Најмалку 20 лица загинаа денеска во судир на автобус и камион со приколка во источна Гватемала, соопштија властите.

Несреќата се случила во близина на градот Гуалан, во близина на брегот на Атлантикот.

Медиумите објавија дека возачот на камионот изгубил контрола.