Обвинителот Јовески го презема СЈО?

0
114

Државниот обвинител Љубомир Јовески не ја коментира собраниската постапка која ќе му овозможи да го преземе СЈО.Вели дека со истекот на мандатот на специјалниот обвинител, сега нема кој да ги потпишува финансиските документи.

„Има Предлог на закон за изменување и дополнување на Закон за јавнообвинителска служба во кој се предвидуваат решенија во врска со прашањето во делот на платите на јавнообвинителските службеници. Тоа ќе се разгледува и ќе се создадат услови некој да одлучува во врска со тоа, сега навистина би било прејудицирање по тоа прашање“, вели Јовески.

Предложените измени во законот за јавнообвинителска служба изготвени од група пратеници на СДСМ и ДУИ, на дневен ред на собранието се во среда.. Тие предвидуваат Јовески целосно да ја добие надлежноста врз СЈО – со негов потпис да се покриваат трошоците за објектот и платите на вработените.