ОВА СЕ ДЕТАЛИТЕ: Вака адвокатка ограби пензионерка па заврши зад решетки

0
68

Адвокатка од Куманово буквално ја ограби својата повозрасна клиентка и заврши во притвор.

Полицијата ја уапси кај Табановце пред да избега, а токму бегството осомничената може да го повтори па затоа обвинителството и одреди осумдневен притвор.

Сега надлежните ќе ја гонат за кривично дело измама бидејќи со друго лице кое личело на нејзината клиентка, по неуспешен обид од кумановска банка, голема сума пари со личната карта на оштетената пензионерка успеала да извади од скопска експозитура.

Сѐ се случило кога на сметката на оштетената пензионерка легнале 680 634 денари а повеќе детали може да прочитате тука.