Отворањето на граничниот премин Лојане-Миратовац се очекува во првата половина на следната година

0
80

Ратификувањето на Договорот за отворање на граничниот премин Лојане-Миратовац ја помина првата фаза, во релевантните парламентарни комисии, по што останува да помине и на пленарна седница. Ратификацијата во македонското и српското собрание се очекува да заврши до крајот на годинава, со цел следната година заедничкиот граничен премин да функционира како локален граничен премин и откако ќе завршат инфраструктурните работи, во рок од 3 до 5 години да функционира и како меѓународен граничен премин.

„Со ратификувањето на овој договор, почнува следната фаза, значи потпишување на Протоколот меѓу двете Министерства за внатрешни работи на двете држави, со кои ќе се утврдат правилата за отворање на првиот дел за локален премин, за да се определи местото каде ќе се наоѓа канцеларијата што ќе ја користат двете држави. Штом се снабдат со електрична енергија, телефонска линија и сите други потреби, ќе започне првата фаза на имплементација. Се надевам дека се ќе се заврши во првиот дел на 2020 година. Додека втората фаза е покомплицирана“, рече Луфтим Спахиу, Комисија за отворање на гранични премини, Министерство за надворешни работи.