Пијан кумановец омаловажувал полициски службеници

0
64

Кумановец во алкохолизирана состојба омаловажувал полициски службеници и нападнал полицаец во станицата во Куманово, соопшти денеска СВР Куманово.

-Денеска, петнаесет минути по полноќ, во полициската станица Куманово дошол 40-годишниот Г.С од Куманово кој бил во алкохолизирана состојба. Ги омаловажувал полициските службеници, а и нападнал полициски службеник, при што бил лишен од слобода, се наведува во соопштението на кумановската полиција.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.