Полицаец од Струмица нелегално присвоил оружје

0
65

Струмичката полиција поднесе кривична пријава против 29-годишник од овој град кој бил нејзин припадник, поради нелегално поседување оружје и муниција.

Како што информираат од МВР, на 6 декември бил извршен претрес во домот на 29-годишникот на струмичката улица „Бетовенова“.

Притоа кај пријавениот полициски службеник биле пронајдени и одземени службена легитимација, 26 куршуми калибар 9 милиметри, 13 куршуми калибар 7,62 милиметри, тромблонски додаток за автоматска пушка, заштитен шлем со визир, пиштол и радиоврска, што тој неовластено ги поседувал.

Струмичанецот се товари за сторени кривични дела послужување во службата и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.