Поранешен новинар во 1ТВ и куќната помошничка на Боки 13 сведочеа за „Рекет“

Рече дека добил задача од Јовановски да направи истражување за велешката фирма Агрија. Првиот телефонски контакт со сопственикот Перо Колевски завршил со караница кој ја обвинил телевизијата за рекет. Но кратко време по тој разговор ставот на бизнисменот се променил. За него, како што рече, сомнежите околу евентуално рекетирање се потврдиле по одговорот кој го добил од Јовановски.

Како што раскажа пред судот Баневски, за него сомнежи се појавиле уште во периодот кога требало да се истражуваат случаи на продажба на вода во шишиња.

Како сведок се појави и домашната помошничка на Боки 13. Наброја кои од познатите политичари, бизнисмени и новинари од неговата телевизија биле негови гости, иако како што рече не слушнала некои сомнителни разговори.

Како сведок денеска требаше да се појави и екс маркетинг директорот на „Оне“ Виктор Доневски, но тој не е во земјава. Следно рочиште е закажано за на 3 јануари кога треба да сведочи некогашната заменичка на екс специјалната обвинителка Катица Јанева, обвинителката Елизабета Јосифовска.