Притисоци од професори и директори со закани за казни на тетовските средношколци

Притисоци од професори и директори со закани за казни. Вака во петокот помина обидот на тетовските средношколци да ја бојкотираат наставата и да организираат протести против аерозагадуавњете, објави Телма.
Просветните работници се заканувале со неоправдани и намалено поведение, затоа и голем дел од децата останале на училишните клупи, а некои само го напуштиле училиштето и заминале дома, велат од Младинскиот образовен форум.

Во обид да ги снима дел од заканите на просветните работници, новинар на веб портал бил нападнат.

-Сметам дека овој проблем е систематски, бидејќи не се дозволува критичко размислување. Вчера имаше низа прекршоци од Конвенцијата за правата на децата. Го следев бојкотот во гимназијата и сведочев како децата се снимаат од страна на професорите за потоа да бидат казнети. Професор им велеше на учениците дека се манипулирани и ги навредуваше, а кога се обидов да го снимам и да го прашам зошто тоа го прави, тој ми го одзеде и фрли телефонот“ , вели Ардит Рамадани новинар во „ПОРТ АЛБ“.

И минатата година во Тетово средношколците организираа протест против аерозагадуавњето по што добија неоправдани и намалено поведение.