ПРИЈАВЕНИ ПРВИТЕ СЛУЧАИ НА ИЗИГРУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИСПЛАТАТА НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА

Зголемувањето на минималната плата им скрати дел од правата на работниците во две делчевски конфекции. Тие веќе пријавиле до граѓанскиот сектор дека од 1-ви јануари им ги укинуваат колективната исхрана и превозот. Тоа значи дека работничите на сметка ќе добиваат минимална плата, но од неа ќе мора да си го плаќаат превозот до работните места. Од Гласен текстилец велат дека тоа е изигрување на Законот за минимална плата.

Инаку додатоците за пат и храна работниците како законско право го изгубија пред десет години кога влегоа во составот на бруто платата. Од ССМ велат дека тие со извештај за кршење на Законот за минимална плата и К-15 ќе излезат со свој став во февруари. Од таму најавија дека здружено со неваладиниот сектор ќе бараат подобрување на положбата на работниците, но признаваат дека преговорите за враќање на дел од изгубените работнички права оди тешко иако веќе ги почнале преговорите за изработка на Општ колективен договор за приватниот сектор.