Путин нареди: Само руски апликации за мобилните телефони

0
104

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој паметните телефони, телевизори и компјутери мора да имаат инсталирано руски апликации. Законот, кој ќе стапи во сила од 1 јули следната година, предизвика незадоволство во јавноста.

Некои компании што продаваат ИТ производи се спротивствија, тврдејќи дека не биле консултирани при изготвувањето на законот.

Властите го претставија законот како средство со кое руските фирми би можеле да бидат конкурентни на странските компании. На мобилните телефони ќе има само домашни апликации, се наведува во објаснувањето на новиот закон.