Реалноста на Мицкоски и вечноста на Ахмети

0
95

Редовното неделно интервју на РСЕ е со претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Покрај другото, Мицкоски одговара и на прашањето дали ако неговата партија победи на изборите ќе биде премиер на Република Северна Македонија: „Државата има ново име, реалноста не може да се игнорира, но ќе се бориме да ја промениме“, а Снежана Маџирова на ФБ како да му реплицира: „Која реалност, бре, не играј си уште со народот“. Горан Волкановски се чуди во врска со зборовите на Мицкоски дека реалноста не можела да се игнорира: „Ем не можеле да ја променат реалноста, ем ќе се бореле да ја променат!?“ Фарук Бесими го прашува зошто зема плата како професор од држава чие име не му одговара, а Трајче Николовски постирал: „Како што го промени Мицотакис Преспанскиот договор така и ти ќе го промениш. Само сакаш да седнеш на столчето“. Слободанка Камчева поставува неколку прашања: „Што ќе преземе за демократско функционирање на институциите и како ќе го направи тоа. Зошто во претходното владеење не направиле ништо?“