Седел во чекалната, па почнал да пука на луѓето: Еве кој е напаѓачот во Острава

0
83

Напаѓач рано утрово застрела шест луѓе во болница во чешка Острава.

 

Почнал да пука од пиштол во чекалната на Брзата помош на одделението за трауматологија околу 7 часот наутро, а на луѓето од близина им пукал во глава и врат.

по неколку часа бегство полицијата во 10:30 го лоцирала во автомобил. Напаѓачот си пукал самиот во глава и се убил.

Напаѓачот е 42-годишниот Цтираду В., кој работел како градежен техничар во градежната компанија АЗ Интергрипс во градот Опава. Тоа за чешките портали го потврдил и директорот на фирмата Алеш Зигила.

Рекол дека неговиот работник тврдел дека е тешко болен.

 

„Се уверил сам себе дека е тешко болен и дека никој не сака да го лечи. Одел насекаде. Последниот месец не доаѓаше на работа, пред 14 дена дојде и рече дека е на боледување. Не сакам да говорам повеќе за тоа“, изјавил Алеш Зигила за irozhlas.cz.

 

Директорот на болницата Јиржи Хаврлант раскажал дека напаѓачот околу седум часот наутро бил мирен во чекалницата како и сите останати пациенти, но одеднаш и без било каква причина почнал да пука.