Се чека Боки 13 за да почне судењето за Рекет

0
79

Со полициска придружба утрово во Кривичниот суд Скопје од домашен притвор донесени се поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец, кои заедно со Бојан Јовановски – Боки 13 се обвинети за случајот „Рекет“.

Јовановски мерката притвор ја издржува во КПУ Затвор Скопје.

Во судницата се очекува да биде спроведен Боки 13, за да почне судењето.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Јовановски, Јанева и Милевски.