Сметководителите алармираат – 50% од нето платата е превисок трошок за компаниите

0

За 500 евра плата на работник,  газдите треба да одвојат уште 250 евра за давачки кон  државата. Од комората на сметководителите алармират дека овој трошок е превисок особено за помалите фирми.  Дополнителен проблем за нив е и тоа што државата често прави измени во законите и тоа без консултација со бизнисот. Како пример ги наведоа новите повисоки стапки за придонеси  кој треба да важат од  јанаури догодина.

Велат дека и со воведувањето на прогресивниот данок за неполна година се направило само штета, а притоа во буџетот не се собрале предвидените 25 милиони евра.

Не функционира ниту законот  за сметкводители. Бараат надлежните инситуции серизоно да почнат да ги решаваат  проблемите  и  кочено да се стави крај на хаосот во дејноста.