Учениците од 4 гимназии ја бојкотираат наставата во знак на протест против аерозагадувањето

0
73

Директорката на гимназијата е снимена со мобилен телефон како им вели на учениците дека само тие како гимназија протестираат и дека ќе има последици заради губењето часови. Група ученици од гимназијата денеска одлучија да не одат на настава во знак протест против загадувањето на воздухот. Но, не само учениците туку и директроката Илијоска го употребила телефонот и ги фотографирала учениците во холот на гимназијата.

Директорката Горица Илијоска за Канал 5 во телефонски разговор објасни дека таа не се заканувала на никого.

„Мене ме извикаа од советот неколку ученици кои имале притисок од нивните соученици да ја напуштат наставата. Јас излегов им реков дека не е ова начин за организрање на протест против загадениот воздух“.