ВЛАДАТА ПРЕДЛАГА ЗАКОН ЗА ОТПИС НА КАМАТИ И РЕПРОГРАМИРАЊЕ ДОЛГОВИ

0
99

По вчерашниот еднодневен штрајк на извршителите – Владата денеска предизборно застана зад граѓните.

На граѓаните должници кон јавните и државни претрпијатија да им се отпишат каматите за сите предмети дадени на извршување до крајот 2017 година – Владата со два предлог закони до Законодавниот дом. Едниот предлог закон за отпис на каматите и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица и вториот предлог закон за изменување на законот за извршување. Граѓаните вели Заев долгот ќе си го плаќаат на рати, а со денот на стапување во сила на овој закон извршителите ќе престанат со присилна наплата.

Законското решение треба да добие поддршка утре на владината седница. По вчерашниот протест на извршителите и нивното затворање на канцелариите, ресорната министерка вели ќе има разлика за наградата за извршителите, Законот за извршување не ги регулира тарифите, односно дека регулацијата е посебен подзаконски акт.