ДУИ и ВМРО-ДМПНЕ со илјадници амандмани блокираат четири закони во Собранието

0
100

Илјадници доставени амандмани оневозможија во Комисијата за политички систем да се разгледаат измените на Изборниот законик.

 

ВМРО ДПМНЕ достави 600 амандмани за предлогот за една изборна единица и уште 600 за предлогот за отворени листи, бидејќи се против менување на изборен модел два месеци пред распуштањето на Собранието.

 

Истовремено, ДУИ соопшти дека имаат пет илјади амандмани.

 

СДСМ посочи дека дебатата за промена на изборниот модел е почната пред неколку месеци, кога немаше договор за предвремени избори. Ги повика и ВМРО ДПМНЕ и ДУИ да ги повлечат амандманите и да почнат дебата.