Емотивна исповед на Велија Рамковски: Само гробот е полош од затвор

0
80

Емотивна исповед на сопственикот на поранешната А1 телевизија, Велија Рамковски на денешната панел дискусија со наслов „Жртви на режимот“ во организација на невладината „Цивил“. Пред присутните, тој сподели искуства од периодот на поранешната власт, за притисоците кон ТВ куќата, кон него лично и кон негово семејство, за интензитетот на комуникација со експремиерот Никола Груевски, за времето минато во затвор, итн.

„Недоразбирањата со Груевски кулминираа во август во 2010 година по што цела фамилија бевме уапсени. Ме пикнаа во Шутка каде борбата да останете живи е тешка. Не можев да дишам, секој ден ме претресуваа и малтретираа со цинизам. Ниту еднаш во 28. месеци додека бев „внатре“ не ја видов ќерка ми Емел. Затоа се радував на рочиштата, бидејќи единствено таму можев да ја сретнам. Но, издржавме“, вели Рамковски.