Инспекцискиот совет го негира инспекторот Илиевски – Постапиле по неговата претставка

0
75

Во однос на наводите на просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски на денешниот прес, сакаме да ја информираме јавноста дека Инспекцискиот совет во рамки на своите законски овластувања, навремно и професионална ги превзема сите потребни чекори за утврдување на евентуална дисциплинска одговорност на инспекторот Африм Саљиу. Имено, нејасно ни е зошто инспекторот Ѓорѓи Илиевски дава лажни наводи дека не се води постапка, при тоа наведувајќи дека од наша страна бил известен дека постапката е во тек, се вели во дописот од Инспекцискиот совет.

 

– Во Законот за инспекциски надзор јасно е утврдена постапката за отпочнување на дисциплинска постапка против инспектор. Во конкретниот случај ( за Африм Саљиу) постоеше претходно прашање за кое надлежна беше ДКСК, поради што по добивањето на преставката од Ѓорѓи Илиевски, Инспекцискиот совет побара од ДКСК да биде известен за тоа дали има или не судир на интерес кај инспекторот Африм Саљиу, велат од советот и додаваат дека од страна на ДКСК до Инспекцискиот совет беше доставена соодветна документација на 25.09.2019 и соодветно дополнување на 30.09.2019 со која бевме известени дека ДКСК утврди судир на интерес кај инспекторот Африм Саљиу при вршење на вонреден инспекциски надзор во Државниот универзитет во Тетово.