Темата амнестија се враќа како бумеранг, дали Заев ќе прифати да не се занимава со политика

0
77

Премиерот и лидер на владејачките социјалдемократи Зоран Заев се очекува да одговори на денешната понуда од челникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоски, според која сите аболирани или амнестирани лица би требало да се повлечат од политиката, особено што и самиот тој пред повеќе од 11 годинини беше аболиран по обвинувањата и истрагата за финансиски малверзации.

Да се отвори дебата, да се консултира правната фела и да се донесат решенија во насока на забрана на аболиција на лица кои се занимавале со политика, бидејќи уште во 2008 година и случајот ‘Глобал’ се покажа дека правдата кај нас се изигрува преку несовесно давање на амнестија. Очекувам ова да биде прифатено и од страна на СДСМ и Заев, наместо со замки и удбашки методи да прифатат принципи и вредности. Македонија не верува во амнестии, Македонија верува во правда и принципи. Мора да создадеме систем кој независно ќе суди, ќе докажува криминал и ќе има одговорност за сите кои докажано се огрешиле кон законите и Уставот, порача мицскоски.

Во моментов премиерот Зоран Заев е единствениот аболиран политичар и требаше да одговара за случаите „Пуч“ и „Поткуп“. Поранешниот шеф на државата Ѓорге Иванов покрај повлекувањето на аболициите за сите 22 политички експонирани лица што ги помилува на 12-ти април 2016 година по протестите и реакциите од јавноста донесе одлука да ги поништи и преостанатите одлуки за помилување .