Тепачка избила попладнево на јавната расправа за ДУП-от за Трнодол

0
77

Тепачка избила попладнево на јавната расправа за ДУП-от за Трнодол што се одржува во општинска зграда во Карпош, јавува репортерот на Телма Петар Догов од местото на настанот.

Поради тепачката не се одржа најавената презентација за ДУП-от во Урбаната заедница “Кузман Јосифовски – Питу”.

Граѓаните се степаа внатре во салата, а на снимателите и новинарите им беше забрането да влезат внатре во тие моменти. Веднаш потоа дојде полицијата, а толпата граѓани се разотиде. Во салата предвидена со слободни 30 столчиња дојдоа повеќе од стотина луѓе, а атмосферата беше тензична уште пред закажаниот термин во 15:30 часот.

Жителите на Тронодол обвинуваат дека се прави манипулација со ДУП-от и си предвидената густина на население во тој дел од градот, за да се отвори простор за нова населба на ридот. Од Општината тврдат дека тоа се лажни вести и нова населба нема да има