ТНТ НЕ СЕ ВРАЌА НА ПОЧЕТОК СЕ ДОДЕКА СУДСКИ СОВЕТ НЕ КОНСТАТИРА ПЕНЗИОНИРАЊЕ НА ПОРОТНИЧКАТА

0
105

Судскиот совет денеска донел одлука дека на некоја од следните седници ќе констатира пензионирање на поротничката Лилјана Ивановска Кочковска.Ова значи дека пензионирањето на поротничката Кочковска која е дел од судечкиот состав во случајот ТНТ нема да го врати од почеток судењето, кое се одвива со забрзано темпо во изминатите денови.

-Денес во 11,02 часот од страна на претседателот на Основен кривичен суд Скопје е доставен допис со кој бара на судиите поротници да им биде продолжен мандатот од аспект на исклучителниот јавен интерес а во правец на обезбедување на владеење на правото, но доколку Судскиот совет не одлучи за продолжување на мандатот да отпочне постапка за престанок на функцијата судија поротник.

Согласно член 80 став 1 точка 5 од Законот за судовите е предвидено дека на судија поротник му престанува функцијата со навршување на 60 години старост.