Агрон Сулејман: Структурата на возилата коишто се во нашата земја е исклучително лоша

Новата уредба на владата не стимулира промена на состојбата. Таа се однесува на возилата кои допрва треба да пристигнат на нашиот пазар, вели во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“, Агрон Сулејман, новинар и добар познавач на пазарот и состојбите во автоиндустријата, говорејќи за новиот закон за увоз на стари автомобили.

Структурата на возилата коишто се во нашата земја е исклучително лоша. Староста на возилата е некаде околу 19 години. Во тој дел имаме огромен процент на дизел возила, а мал процент на бензински, така што таа структура е прилично лоша и сега владата се обидува со некои мерки да го подобри резултатот, вели во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“, Агрон Сулејман, новинар и добар познавач на пазарот и состојбите во автоиндустријата, говорејќи за новиот закон за увоз на стари автомобили.

-Рекордна продажба на нови возила во Македонија имаше во 2008 година. Потоа погодени од светската економска криза имаше намалена продажба. До 2011 имавме дестимулација на купување на користени возила. Потешкотии при увоз итн…2011 дојде таа несреќна, популистичка уредба по сите нас, бидејќи беше дозволен увоз на автомобили од Европа без никакви критериуми. Значи Еуро 0. Од тогаш до ден денешен имаме увезувано во државата некаде окоолу 30.000 возила годишно и континуирано опаѓање на продажбата на нови возила. Затоа денес имаме ситуација каде возилата ни загадуваат со 1/5 во град Скопје- вели во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“, Агрон Сулејман, новинар и добар познавач на пазарот и состојбите во автоиндустријата,