Во Велика Британија свечено е отворена велосипедска патека долга 1300 километри, која ги спојува Англија и Шкотска. Се работи за патишта кои водат низ шумски и ридски предели, а кои нудат авантура за љубителите на велосипедизмот. Патот наречен Great North Trail минува низ дистриктот Peak, Yorkshire Dales и шумата Kielder во Англија, па кон Loch Lomond, националниот парк Trossachs National и Loch Nessu во Шкотска. Патеката е главно вон главните патишта, низ шума и локални улици без многу сообраќај.