„Боинг“ оваа недела ќе го тестира својот најнов модел „777Х“

0
35

Претходно, од „Боинг“ соопштија дека неговиот досега најголем двомоторен авион, дизајниран за 406 лица, првпат ќе полета на почетокот на 2020 година.

„Боинг“ планира да го спроведе својот прв тест-лет на моделот „777X“ оваа недела, пренесуваат странските агенции.

– Го одложуваме првиот лет на авионот „777X“ закажан за 23 јануари поради временските услови. Тимот во моментов ја проценува можноста летот да се одржи утре, 24 јануари и ние ќе ве известиме веднаш штом ќе го утврдиме датумот – се наведува во соопштението на компанијата „Боинг”.

Претходно, од „Боинг“ соопштија дека неговиот досега најголем двомоторен авион, дизајниран за 406 лица, првпат ќе полета на почетокот на 2020 година.

Овој авион долг 77 метри е значително поголем од неговите претходници „777-300ER“ и авионот „А340-600“ на „Ербас“.