Вархељ од Тирана: Се надевам преговорите да почнат пред Самитот во Загреб

0
107

Еврокомесарот за соседска политика и преговори, Оливер Вархељ, денеска престојува во прва посета на Албанија откако стапи на должнота.

По средбата со премиерот Еди Рама, тој на заедничката прес конфернција рече дека се надева преговорите да почнат пред самитот во Загреб.

-Ние продолжуваме да ја сметаме Албанија како земја што е подготвена да ги почне преговорите. Фактот дека преговорите не почнаа во октомври, се однесуваше на загриженоста на некои држави. Ние ќе работиме се додека не ја постигнеме целта за почнување преговори. Работиме на отворање преговори пред самитот во Загреб, рече еврокомесарот.