Велика Британија на полноќ ја напушта ЕУ

Велика Британија вечерва на полноќ ја напушта Европската унија, речиси четири години откако Британците на референдум одлучија тоа да го направат. Во видео порака која ќе биде објавена еден час пред напуштањето, прмеиерот Борис Џонсон ќе им порача на Британците дека започнува нова зора за земјата.

Чуство на олеснување, всушност по три ипол години гласот на Британците ќе биде испочитуван, но исто така и оптимизам и возбуда за новото поглавје во нашата историја, порача министерот Мајкл Гоув.

Во периодот по референдумот земјата одржа два пати предвремени избори и смени тројца премиери. Дејвид Камерон, кој беше против напуштањето, си поднесе оставка веднаш по референдумот, Тереза Меј се повлече откако не можеше да ја протне низ парламентот веќе псотигнатата спогодба за напуштање со Брисел. За разлика од нејзе, Борис Џонсон успеа, го суспендираше парламентот, па го врати, постигна нова спогодба со Брисел па победи на изборите кои беа распишани откако стана јасно дека парламентот е длабоко поделен во поглед на Брегзит. Британците се уште имаат измешани чуства за излезот од ЕУ.

Многу тажен ден, многу сум вознемирена што ја напуштаме ЕУ и едноставно посакувам тоа да не се случеше. Мислам дека ова е само почеток на се поголема фрустрација, рече Алис Кол Робертс, која живее во Лондон.