Венецијанската комисија ја прифатила номинацијата на Дескоска за член на комисијата

0
44

Номинацијата е потврдена и на веб страницата на Советот на Европа, за што Дескоска се пофали на социјалните мрежи и напиша дека комисијата потврдува дека таа ги исполнува критериумите за членство.

По реакцијата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски дека Дескоска не може истовремено да биде и министерка и претставник на земјава во Венецијанската комисија, таа на фејсбук напиша дека не постои судир на интереси бидејќи членството во европското советодавно тело не се смета за вршење на функција.

„Членство во Венецијанска комисија, членство во ГРЕКО и слично не се смета за вршење на јавна функција. Сите носители на јавна функција имаат обврска да поднесат анкетен лист до ДКСК. Исто така ДКСК води Регистар на јавни функционери и до сега никогаш ниеден член на Венецијанска или на ГРЕКО не бил ставен по тој основ во тој регистар, ниту поднел анкетен лист заради членството“, -Рената Дескоска – министер за правда.