Во Македонија скандал, во Србија гест за паметење: Ивана го фати крстот поради џентлмените на Водици

0
45

Додека во Македонија имаше скандали и тепачки за крстот за Водици, во Србија, поточно во Зајечар гест ги трогна сите.

Имено, во ледениот Црн Тимок скокнаа 20 пливачи, а меѓу нив и девојка по име Ивана Милојковиќ.

35-годишната дама успеа да го фати крстот, бидејќи сите машки скокачи како прави џентлмени и дозволија прва да скокне како дама по крстот, а со тоа таа успеа и да го фати.

Пред почетокот на пливањето сите учесници стоеле на дрвена стаза подготвени за старт, но откако попот го фрлил крстот, машките и дале предност на дамата.