Прекинати се автобускиот, подземниот, бродскиот и меѓуградскиот сообраќај. Затворени ќе бидат и аеродромот и железничката станица за сите патници кои сакаат да го напуштат Вухан .
Властите ги замолија граѓаните без некоја посебна потреба да не го напуштаа градот , пренесе Ројтерс.
Бројот на жртви од новиот коронавирус во Кина се искачи на 17, а бројката на заболени изнесува 540 , соопштија официјалните претставници.
Корона вирусот од Вухан се прошири и на другите кинески градови како Пекинг, Шангај, Хонг Конг, а потврдени случаи на заболени и во САД, Тајван , Јужна Кореја и Јапонија.