Вo понеделник е Свети Сава, неработен ден за српската заедница

0
136

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 27 јануари (понеделник), Св. Сава е неработен ден за сите граѓани со српска националност во Република Северна Македонија.

Од Министерството за труд и социјална политика на сите припадници на српската заедница им го честитаат големиот празник Свети Сава.