Гренел ова недела ќе ги посети Приштина и Белград

0
40

Гренел ќе ги посети Косово и Србија неколку дена после посредувањето за постигнување договор за воспоставување на директната авиолинија помеѓу двете земји.

Американскиот амбасадор во Берлин, Ричард Гренел ова недела ќе престојува во посета на Приштина и Белград, потврдуваат од германската амбасада за Радио Слободна Европа.

Според РСЕ, Гренел кој е специјален претставник на претседателот на САД, Доналд Трамп, за разговорите Косово- Србија, во четвртокот ќе се сретне со претседателот на Косово, Хашим Тачи.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави дека ќе се сретне со Гренел во петок. Во изјава за српската национална телевизија од Самитот во Давос, тој рече дека САД се подготвени да ги слушнат барањата и проблемите на Белград во врска со Косово.