Гутереш: Да се реагира неодложно за да се спречи граѓанска војна

0
100

На отворањето на меѓународната конференција за Либија во Берлин, тој рече дека нема воено решение за Либија.

-Да не губиме надеж дека дијалогот ќе продолжи и да не штедиме напори за решавање на овој конфликт, рече рускиот претседател Вадимир Путин на средбата со турскиот колега Ердоган на маргините на состанокот во Берлин.

Тој додаде дека Русија и Турција презедоа добар чекор кога повикаа на прекин на огнот во Либија, со што беа создадени предуслови за одржување на конференцијата во Берлин.

Во Верлин на покана на канцеларката Меркел се собраа клучните фактори во долгогодишната граѓанска војна во Либија, во обид да се спречи мешањето на странски воени сили, да се консолидира примирјето и да се помогне во повторното започнување на политичкиот процес за иднината на оваа северноафриканска држава.