Гутереш ја предупреди Турција да не праќа војска во Либија

0
68

Антонио Гутереш истакна дека „трајните прекршувања на ембаргото за оружје наметнати од Советот за безбедност само ги влошуваат работите“.

Во неодамнешниот извештај, експертите на ООН за надзор над спроведувањето на ембаргото воведено во 2011 година ја обвинија Турција за поддршка на ГНА, а Јордан и Обединетите Арапски Емирати, кои го поддржуваат Маршал Хафтар, за повеќекратни прекршувања.

„Строгото придржување кон ембаргото е неопходно за да се создаде можност за да се прекинат непријателствата“, истакна Гутереш, повторувајќи ги „повиците за итен прекин на огнот и враќање на политичкиот дијалог од сите страни“.