Дескоска очекува конструктивна дебата за законот за ЈО

Министерката за правда Рената Дескоска очекува конструктивна јавна расправа за законот за јавно обвинителство. Таа денеска за „Утрински брифинг“ изјави дека очекува јавната расправа да даде предлози како да се подобри Предлог-законот, а не да се злоупотребува времето за дебата.

– Дебатата треба да се води по законот по она што е содржано како решение и да слушнеме евентуално ако има предлози за подобрување на текстот. Во спротивно, секое било какво поинакво однесување, особено од опозицијата ќе биде протолкувано како опструкција на процесот и одолговлекување, рече Дескоска.

Додаде дека ако има добра волја може да се донесе законот пред распуштањето на Парламентот.