Досието на реисот Сулејман Реџепи преполно, сега повика на ликвидации на кучињата и предавниците

0
108

Поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи со нов скандалозен говор на омраза, повика на „убиство на кучињата“. Реџепи оваа порака ја упати при отворање на џамија во кумановското село Опае. Во скандалозниот говор Реџепи споредувајќи ги овие „луѓе- кучиња“ со штетници кои шират болести, вели дека во поранешниот систем биле програмски „чистени“ затоа што ширеле „загаденост“.

-И треба да бидете сигурни дека меѓу нас имаме некои кучиња. Тие се најгнасните кучиња на Господ. Тие што го уништуваат единството на нашиот народ. Тие што му штетат на исламот. Тие што му штетат на нашиот верски и национален идентитет. Би ве замолил да ги идентификуваме кои се кучиња, кои се муслимани, кои се добри луѓе, вели во говорот Реџепи.

Посочува декеа не познава никого од другите нации кој доаѓа и им помага на муслиманите во нивните суштински прашања, национални, верски и духовни прашања. „Вие ако познавате некого, кажете ми и јас да го запознаам“, вели Реџепи.

Се потсетува дека некој претходен систем лесно се справувал со нив.

– Овие нашите се кучиња, како овците по солта, бидејќи јас сум чувал и овци, сум бил и овчар. Кога ја немаш власта, кога ја немаш татковината, не си самостоен, треба да зависиш од тие кучиња скитници. Ќе го споменам минатиот систем, тој од време на време имаше план и програма за нивно чистење затоа што тие ширеа болест, загадување. Сега, оваа работа е спортивна. Тие се многу штетни суштества – констатира Реџепи