Европскиот зелен договор носи промени во ЕУ

Европската Унија ќе претрпи најголеми промени во политиката од своето основање, при што скоро секој главен аспект на економијата треба да се преиспита во однос на климата и еколошката вонредна состојба. Зелениот договор предвидува голем европски план за справување со климатските промени.

Целите што треба да се достигнат до 2030 година се минимум 40% намалување на емисиите на стакленички гасови во споредба со нивото од 1990 година, учество на најмалку 32% обновливи извори на енергија во финалната потрошувачка на енергија и најмалку 32,5% во заштеда на енергија.

Според податоците на „Еуростат“, емисиите на стакленички гасови помеѓу 1990 и 2017 година се намалени за 22% во ЕУ. Во 2017 година, Германија беше земја со најголеми емисии (21%), а Малта има најмала (0,1%).

Европа ќе треба да насочи 1-2% од својот годишен БДП кон зелената економија, вклучително и нова инфраструктура, јавни набавки, истражување и развој и индустриска препродажба.