Заев на средба со бизнс секторот во Сојуз на стопански комори

0
90

Поголем фокус на економијата, побараат бизнисмените од сојузот на стопански комори на средба со претседателот на СДСМ Зоран Заев. Политиката мора да обезбеди правна сигурност, ефикасна јавна администрација, сузбивање на сивата економија, како и можност за природно зголемување на платите со цел поповолна бизнис клима.

Претседателката Данела Арсовска вели дека поради изборите немаат големи економски очекувања годинава.

„Треба да се оттргнат од оној политички клиентелизам кон кој сите целат 30 години и на крај да разберат… “

Заев, кој со својот економски и финансиски тим ги слушна барањата на ССК, вети дека во новата изборна програма на СДСМ ќе доминира економијата.