За неколку дена ревизорите ќе почнат проверка на бонусите во СЈО

На барање на Јавното обвинителство во поранешно СЈО влегуваат државните ревизори.

Државниот завод за ревизија ќе испрати тројца ревизори да ги проверат паричните надоместоци кои ги добивале обвинителите. Главниот државен ревизор Максим Ацевски изјави дека ревизорите ќе почнат да ги разгледуваат докумените од први февруари.

Кон крајот на 2019 година јавноста дозна дека покрај платата обвинителите и соработниците во СЈО земале и бонуси за доверливост. За четири години екс обвинителката, Катица Јанева зела 157.000 евра додаток на платата. Другите обвинители добиле меѓу 70.000 и 100.000 евра.